| четврток, 6 декември 2018 |

Необична кампања за намалување на бројот на бремености кај тинејџерите (видео)

kampanja-16062013-625-youtubeЖителите на Чикаго деновиве се изненадени од необичната кампања низ улиците на нивниот град. На многубројните плакати се прикажани момчиња со труднички стомак, а целта е да се предупреди на последиците од тинејџерската бременост, за време на која, не патат само девојчињата, туку и машките.

-Неочекувано? Поголем дел од тинејџерските бремености се! – гласи слоганот на кампањата за намалување на бројот на бремености кај тинејџерите.

-Целта ни беше да го привлечеме вниманието на луѓето и да започнеме разговор на тема кога децата раѓаат деца и како тоа влијае на општествената заедница. Ќерките на тинејџерките имаат поголеми шанси исто така да станат мајки во тинејџерските години, додека синовите на тие мајки имаат поголеми шанси да завршат во затвор – вели портпаролот на министерството за здравство во Чикаго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top