Игор Туѓман, внук од брат на поранешниот хрватски претседател Фрањо Туѓман,од петокот е префрлен на издржување на затворската казна во Сремска Митровица. Неговата девојка Наташа Антоловиќ веќе ја издржува казната во Пожаревац и на слобода треба да биде на 7 јули. Игор Туѓман ја призна вината дека измамил и ограбил српски граѓанин и се согласи да помине во затвор две години и два месеци, додека пак неговата невенчана сопруга поминува позади решетките шест месеци.
Тие во февруари годинава беа уапсени при обидот да влезат во Хрватска. Измамиле, а потоа и успале и ограбиле за сега неименувано лице од белградската општина Врачар. Туџман и Наташа се запознале со човекот преку сајтот smokva.com и договориле да имаат секс во тројка.
Во ноќта меѓу 2 и 3 февруари пристигнале во неговиот стан и по неколку алкохолни пијалоци, Игор и Наташа искористиле момент да му стават некаква супстанца во чашата.
Откко тој паднал во несвест, целиот поспан и зашеметен, двајцата успеале од станот да ги земат телефонот, лаптопот, клучевите од џипот, и одредена сума на пари.
Украдениот џип му го поклониле на еден таксист, а за возврат побарале да ги однесе до границата на Хрватска. Но измамениот Белграѓанец веднаш повикал полиција и пријавил што се случило. Граничната полиција ги уапсила Игор и Наташа на прелазот во близина на Сомбор.
Игор Туџман на српската јавност и е познат по скандалите поврзани со продажбата на своето домашно видео со Наташа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга
-
Падна уште еден функционер на СДСМ во Прилеп: Присвоил над 8 милиони денари


