| четврток, 6 декември 2018 |

Новогодишен базар „Подари среќа“ на улица „Македонија“

Новогодишниот базар вклучува и програма која носи голема радост на најмалите секој ден од 10.00 до 13.00 часот. За нив е организирана новогодишна парада, дефиле на Снежната кралица, другарување со Дедо Мраз, настапи на „Поточиња“ и „Златно Славејче“, претставата „Брашко“, дружење со Петко и магични настапи

Улица Македонија од 24 декември, по повод осумдневниот новогодишен базар „Подари среќа“, се трансформира во простор исполнет со магија и воодушевување. Базарот ќе се отвори на 24 декември во 17.30 часот и ќе трае до 31 декември со пристигнувањето на Дедо Мраз во центарот на Град Скопје. Базарот е под покровителство на Град Скопје и во организација на Конгресен центар „Александар Македонски“.

Улица „Македонија“ овие денови ќе биде место украсено и исполнето со божикен и новогодишен амбиент, а дополнителната содржина, каде што посетителите ќе можат да купат рачно изработени предмети, плетени изработки, новогодишни украси, дрвени очила, божикно цвеќе, козметика од природни состојки, чоколада, и многу други производи ќе биде само момент плус кој ќе го разбуди празничниот дух кај секого.

Новогодишниот базар вклучува и програма која носи голема радост на најмалите секој ден од 10.00 до 13.00 часот. За нив е организирана новогодишна парада, дефиле на Снежната кралица, другарување со Дедо Мраз, настапи на „Поточиња“ и „Златно Славејче“, претставата „Брашко“, дружење со Петко и магични настапи. Најголемото изненадување и најмногу радост на најмалите ќе им донесат интересните детски игри лоцирани во детското катче кое на дневно ниво има интересна и богата програма.

unnamed-1

За забавниот дел, првиот ден со почеток во 18.30 часот ќе се погрижат Back Door Band и Сара Мејс. Ќе има и афтер-ворк забави. За одличното расположение на посетителите во текот на целиот базар се организирани настапи на ConTruDј, Brass Brothers, Beta House Band, Eye Que, Дамјан Пејчиновски, Тајфата на Коки, Скопски Тамбураши и Тумбао Салса Бенд, а музика ќе пуштаат Dj Brancez, Dj Dela, Dj Bobi и многу други познати македонски Ди Џеи. Сите забави ќе бидат надополнети со одлично греено вино, пиво, топли пијалоци и храна.

unnamed-2

На 25декември со почеток во 12.00 часот трета година по ред ќе се одржи  Дедомразовската трка во организација на „Прв до врв“. Се очекува над 500 учесници да се натпреваруваат на патеката долга 2 километри.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top