Јавна соба во соработка со МАТА денеска и утре го организираат првиот предновогодишен базар во Центарот за дизајн во Скопје.
На базарот ќе се претстават производители на накит, ракотворби, облека и декоративни предмети. Организаторот најавува дека целиот занаетчиски асортиман ќе биде претставен по многу поволни услови, што значи дека големиот попуст ќе биде главна награда за сите посетители.
– Веќе подолго време изложени сме на голем притисок од страна на занаетчиите, изработувачите на накит и модните дизајнери, да организираме настан на кој нивните производи ќе добијат централно внимание. Станува збор за многу креативни и вешти луѓе од различна старосна структура кои прават изненадувачки добри работи со своите две раце. Производите се создадени со голема умешност, многу часови работа и огромна доза на креативност, па затоа и се одлично прифатени од купувачите, велат организаторите.
На базарот, кој ќе биде отворен од 10 до 21 часот, ќе учествуваат 20 креативци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.