| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер неприкосновен во Хале

Во финалето на тенискиот турнир во Хале што се игра на тревната подлога и важи за подготвителен турнир за Вимболдон, швајцарецот Рожер Федерер го победи Михаил Јужњи со 2-1 (6-7, 6-3, 6-4) во сетови.

Мечот беше изедначен во сите сетови и во сите останати статистики.  Одлучуваа нијанси и два брејка кој ги направи Федерер на сервис на противникот по еден во вториот и третиот сет.

Ова е шеста освоена титула за Федерер на овој турнир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top