Претставник на шпанската власт денеска изјави дека Каталонскиот парламент е официјално распуштен, како и дека регионот ќе го води преоден Одбор на законодавци се до одржувањето на изборите на 21 декември.
Портпаролката на каталонскиот парламент изјави дека претседателката на Парламентот, Карме Форкадел го откажала состанокот со претседателот на регионалното собрание, кој претходно бил закажан, пренесе АП. Шпанскиот премиер Рахој во петокот нареди распуштање на регионалниот парламент во обид да се најде излез од шпанската политичка криза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.