| четврток, 6 декември 2018 |

Хорхе Лоренцо најбрз во Каталуња

Шестата трка во шампионатот во мотоциклизам се возеше овој викенд за големата награда на Каталуња во Шпанија.

Каталуња е легендарна стаза на која се вози и шампионатот од Формула 1 и една од најбрзите.

Во најсилната класа МотоГП,   победи домашниот возач Хорхе Лоренцо пред сонародниците Дани Педроса и Марк Маркез.

четврти беше ветеранот и најдобриот н сите времиња италијанецот Валентино Роси.

Во генералниот пласман води Дани Педроса со 123 поени пред денешниот победник Лоренцо со 116 и дебитантот во ова натпреварување Маркез со 93 поени.

Во помалата класа Мото2 исто така на пиедесталот се искачи шпански возач. Пол Еспаргаро победи за дел од стотинката пред уште еден шпанец Естеве Рабат. На третото место се пласираше Томас Лути од Швајцарија.

Лидерот во генералниот пласман во Мото2 бритенецот Скот Ридинг се пласираше на четврото место.

Со денешната победа Еспаргаро се искачи на второто место за Ридинг а трет е Рабат.

Бритенецот има 119 поени, втор е Еспаргаро со заостанување од 35 пеони и Рабат кој засостанува 39 поени зад лидерот.

Шпанската доминација продолжи во во најслабата класа Мото3 каде на сите три места се пласираа домашни возачи.

Победи Луис Салом пред Алекс Ринс и Маверик Вињалес.

Во генералниот поредок по шест трки води Луис Салом пред Маверик Вињалес и Алекс Ринс.

Во досегашниот дел од шапионатот од 18 трки во сите три конкуренции само на две трки не се слушаше шпанската химна во чест на победниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top