| четврток, 6 декември 2018 |

Манекен сексуална жртва на раперка: Од билборди дознал дека орално ја задоволува (ВИДЕО)

Раперката Карди Би минатиот месец се искачи на првото место на Билбордовата листа со хитот „Bodak Yellow“, со што ја собори од врвот Тејлор Свифт со „Look What You Made Me Do“.

Карди Би е првата раперка кој дотуркала до врвот со сингл, а последна на која ѝ пошло од рака ова беше Лорин Хил со „Doo Wop (That Thing)“ во 1998 г.

Дури и да има такви кои не ја слушнале песната, речиси да нема такви кои не ја виделе фотографијата на која Карди пие пиво од шише на задно седиште во автомобил додека маж симулира орален секс.

Карди Би лани го објави миксот „Gangsta Bitch Music, Vol 1“, а омотот на овој албум е токму таа фотографија. Како што пишува ТМЗ, мажот од фотографијата сега ја тужи Карди и од неа бара 5 милијарди долари, бидејќи, како што рекол, „не знаел дека фотографијата ќе биде искористена на таков сексуален начин“.

Тетовираното торзо му припаѓа на Кевин Брофи, кој тврди дека никогаш не ја запознал Карди. За фотографијата дознал кога пријател, кој ја видел фотографијата на билборд, му рекол дека „е лудо што орално ја задоволува таа раперка што се вика Карди Би“.

Засега Карди молчи за случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top