| четврток, 6 декември 2018 |

Судбината е лоша сопатничка-му почина сопругата, па девојката, а сега и тој со новата девојка

Во авионска несреќа што во саботата се случи над градот Порт Маквори во Австралија загинаа бизнисменот Грант Барли и неговата девојка.

Авионот марка Цесна 310 се урна во саботата попладне во близина на државниот автопат, а неговите остатоци се пронајдени на околу 400 километри северно од Сиднеј.

Барли (51) пред 3 години остана без сопругата Ким која почина во сон, додека минатата година неговата нова девојка Клара Сампсон загина на мотоцикл во сообраќајна несреќа.

Филмски несреќната животна приказна на австралискиот бинзисмен е завршена со неговото загинување и на неговата најнова партнерка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top