Грција побарала од шпанскиот амбасадор во Атина да ја повлече изјавата која ја даде за грчки весник, а во која навестува оти Атина не го поддржува единството на Шпанија.
-Не изненадија коментарите на амбасадорот на пријателска и сојузничка Шпанија, кој јавно ја критикуваше грчката влада, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи, пренесува Ројтерс.
-Соопштенија на грчката влада за тоа прашање изостануваат. Меѓутоа, другите европски влади топло го поддржуваат територијалниот интегритет на Шпанија и ставот на нашата влада, рече Вигера.
Грчкото МНР обвини дека амбасадорот го навредува грчкиот Устав со тоа што наговестил оти грчкиот претседател не говори во име на Владата.
Во соопштението се нагласува и дека со усвојување на аргументите на политичката опозиција, шпанскиот амбасадор се меша во внатрешните прашања во Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.