| четврток, 6 декември 2018 |

Полициска рација во Охрид – се бараат непријавени туристи

ohrid kej

Охридската полиција спроведува акција во која се откриваат питачи, маллетници без родителски и старателски надзор, како и станоиздавачи кои не ги пријавуваат своите гости.

СВР Охрид јави дека согласно одредбите на законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште, викендов презеде плански мерки  за откривање на лица со непријавен престој, лица малолетници без надзор и лица кои се оддаваат на питачење. Воедно, контрола беше извршена и кај приватни станоиздавачи каде непријавени се сместуваат лица од други градови и подрачја. Акцијата имаше и превентивен карактер а целта беше елиминирање на можностите за кражби и други казнени дела. Активностите на полициските службеници се спроведоа во соработка со Центарот за социјални грижи при што на подрачјето на Охрид и околината беа затекнати 31 полнолетни и 27 малолетни лица од Битола, Прилеп, Штип, Кавадарци и Велес кои подолго време во централното градско подрачје како и на повеќе други локации во Охрид и Струга вршеле питачење. Тие се упатени кон нивните места на живеење по што против нив, СВР Охрид и Центарот за социјални грижи ќе поднесат соодветни пријави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top