| четврток, 6 декември 2018 |

Невреме беснее низ Европа, ги зема и првите жртви (видео)

Невремето Херварт однесе пет животи и предизвика сообраќаен хаос и поплави, откако помина низ Германија, Полска и Чешка, а ветрови со брзина од над 140 километри на час зад себе оставија сериозни штети и во Словачка.

Една жена се удави во Балтичкото Море при превртувањето на моторен чамец, кој превезувал три туристи, што е втората жртва на невремето во Германија. Претходно, маж и жена загинаа во Чешка, кога нивниот автомобил беше смачкан од дрво, а на ист начин едно лице го загуби животот во Полска.

Едно лице е сериозно повредено во Берлин, откако врз него паднале делови од градежна конструкција, а во Хамбург се излеа реката Елба, при што е поплавено и пристаништето.

Невремето предизвика големи штети во електричната мрежа и на патиштата, кои на многу места се блокирани од паднати дрвја.

Ова е второ големо невреме што ја погоди Германија овој месец, откако претходно седум луѓе загинаа во налетот на Ксавиер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top