| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ не ги признава изборите (ВИДЕО)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски изјави дека партијата не ги прознава Локалните избори. Според него ова не се фер и демократски избори.

Груевски обвини за изборна кражба и нерегуларни избори со „многу нерегуларности, индиции за поткуп на гласачи, закани и уцени од униформирани и неуниформирани лица, „бугарски воз“, гласачки ливчиња носени од едни во други општини за „бугарски воз“, уцени врз вработени од државата администрација и огромен молк од полицијата која е учесник во изборната измама“. Тој обвинувањето го прошири и на првиот круг на избори дури и во предизборниот период.

-Уцени врз земјоделци, вработени во државната администрација и на сето ова огромен молк од полицијата која е активен соучесник во овие фалсификувани избори. Рано изутрина беше грубо прекршен изборниот молк. Денот започна со илјадници флаери кои се дел од црната и лажна кампања на СДСМ, расфрлени по домовите во Кисела Вода, Гази Баба и Бутел, информациите се дека при делењето, полицијата е најверниот чувар на активистите кои ги делеле флаерите. Во Кисела Вода видовме како таткото на кандидатот за градоначалник од СДСМ јавно порачува дека сега биле власт, можеле 1.100 луѓе да избркаат од работа и тоа луѓе од Драчево доколу не гласаат врз СДСМ. Најдиректна уцена и закана, посочи Груевски.

Тој додаде дека медиумите и активистите на ВМРО-ДПМНЕ од терен јавиле и за поткуп на гласачи забележан во Визбегово во Бутел, каде лично претседателот на СДСМ во Бутел делел прехрамбени намирници во насока на поткуп на гласачи.

-На медиумите се појави видео снимка од Штип со објаснување дека се врши организиран поткуп. Човек кој важи за близок дели пари што упатува дека врши поткуп на гласачи. Полицијата во текот на целиот ден не презеде ништо за расчистува на овој случај. Во текот на денешниот ден регистриран е и спречпен обид за бугарски воз во општина Чаир каде постар човек бил спречен при изнесување на гласачко ливче од изборното место. Исто така гласачко ливче од Гази Баба е пронајдено на гласачко место во Штип. Методологијата им е разработена, однапред заокружени ливчиња им се давале на поткупените гласачи кои истото ливче го ставале во гласачката кутија, а во враќале празното ливче дадено од страна на комисијата со цел истото да биде заокружено од лицата од СДС и така да продолжи кругот на фалсификатот при предавањето на празното ливче, поткупените гласачи ги добивале ветените пари, објасни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски додаде дека во училиштето „25 Мај“ во скопски Синѓелиќ припадници на полицијата отворено агитирале да се гласа за СДСМ.

-Во Општина Македонска Каменица денес припадници на полицијата заедно со братот на кандидатот за градоначалник на СДСМ кој не е вработен во МВР, запиреле возила на патот кон селото Дурлица и ги пропуштале само оние кои изјавиле или ги препознале дека носат гласачи на СДС. Во Општина Нопваци припадници на полицијата заедно со активисти на СДСМ и директорот на битолскиот затвор вршеа притисок врз гласачи. Им велеле дека доколку не гласаат за СДСМ, цитирам „Ќе ве снајде лоша судбина“. Во Бутел, како што пренесоа медиумите, личниот телохранител на Заев заедно со припадници на полицијата вршеше притисок врз гласачите и правел тензија пред избирачкото место. Во Бутел видовме видео снимка каде советник од СДСМ, неуниформиран полицаец и активисти на СДС отворено се закануваат на граѓани со цел да не излегуваат на гласање. Групно гласање беше забележано во Сарај. Во кавадаречките села Дреново и Ваташа припадници на полицијата ги заплашувале граѓаните да не излегуваат на гласање. Во текот на денот претседателот на СДСМ во Кавадарци, пред избирачко место нападнал активист на ВМРО-ДПМНЕ кој бил набљудувач на избирачкото место. Виница денес никогаш не паметела повеќе полиција, вклучително и специјални полициски сили во полно вооружување како што тоа беше денес. Ова што се случуваше денес не не изненади затоа што целата изборна кампања беше во знакот на организирање на криминални избори, дециден е Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека СДСМ уште на почетокот на првиот круг од кампањата покажале дека не планираат да спроведат фер и демократски избори.

-СДСМ покажа дека не сака да им дозволи на граѓаните слободно да ја изразат својата волја. Меѓу двата изборни круга, полицијата го премолчи и сведоштвото на брачниот пар од Демир Капија кои беа жртва на закани со убиство од страна на активисти на СДСМ во сопствениот дом, само затоа што кај нив на гости бил кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ. Полицијата молчи затоа што е под директна насока на врвот на СДС. Вчера и завчера активисти на ВМРО-ДПМНЕ од Чешиново, Облешево и Зрновци беа повикувани на информативни разговори во полициска станица без наведен основ, се забележа полнење на кутии со однапред заокружени ливчиња на СДС со бугарски воз, па така гласачко ливче од Карпош беше најдено во Охрид, ливче од Велес беше најдено во Струмица, од Врапчиште во Гостивар, а во Гевгелија во избирачкото место 334 во записник на крајот од гласањето беше евидентирано дека недостасува по едно гласачко ливче од листата за градоначалник и советници. Истото се случи се случи и во Русиново, беровско, додека пак во Ресен на избирачко место во градот се забележани две гласачки ливчиња со ист сериско број што укажува дека биле испечатени двојни гласачки ливчиња со цел полнење на кутиите со однапред заокружени ливчиња на СДС. По самото завршување на првиот круг од гласањ3ето видовме пукање со огнено оружје на партиски собир во Шуто Оризари, случај кој досега не е расчистен од страна на полицијата, следеше сликање на активисти на СДС со огнено оружје пред партискиот штаб во Бутел, случај за кој МВР до ден денес не се произнесе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top