Турканици во Сингелиќ и гласачи кои ги нема во избирачкиот список. Раздвижената атмосфера која ја затекнавме пред Основното училиште 25 мај пред некој час за момент станала тензична. Наводно дел од граѓаните се жалеле на полицијата. Алфа објави дека зад камерите жителите тврдат дека таа агитирала. Во неврзан разговор со полициските службеници кои беа распоредени на тоа избирачко место, за Алфа велат дека поголема група на граѓани им сметале на гласачите пред училиштето, а полицијата морала да интервенира за да се расчисти метежот. Граѓанин на Сингелиќ пак видно изреволтиран ни се приближи и се пожали дека денес воопшто и неможел да гласа, иако своето право го остварил на 15 октомври. Цело утро го праќале на различни места, за на крај да се врати дома со личната карта во раце.
Ѓорги и покрај инсистирањето да го оствари своето гласачко право, заврши шетајки се низ институциите со личната карта во рацете. Оние пак кои излегоа да гласаат, се надеваат изборите ќе бидат фер и демократски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)