| четврток, 6 декември 2018 |

Изборен поткуп во Штип, активисти на владејачка партија фатени на дело како делат поткуп (видео)

Активисти на владејачка партија во Штип фатени на дело како делат поткуп. Имено од видеото кое пристигна до нашата редакција јасно се гледа како активист на владејачка партија купува гласови во Штип, од снимката јасно се гледа како истиот од  џебот вади поголема сума на пари давајќи му на возачот во авотмобилот.

Поткупот на гласачи беше еманентен и во текот на првиот круг на гласање, но и сега во текот на вториот круг, досега полицијата не реагираше по ниту еден од пријавените случаи, ниту по случаите објавени во медиумите сите фото и видео документирани.

Во текот на  првиот круг имаше поктуп со прехранбени намирници во прилепската населба Тризла, каде заедно со активистите на владејачка партија поткуп делеше и директорот на Центарот за социјални работи. Поткуп е пријавуван и во Штип и штипската неселба Три Чешми, каде тарифата на владејачката партија била од 1000 до 3000 денари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top