| четврток, 6 декември 2018 |

„Излези да гласаш“: Повеќе нерегуларности – делење флаери во Гази Баба, Кисела Вода и Штип, семејно гласање во Сарај

Коалицијата „Излези да гласаш“ информира дека изутринава се забележани неколку нерегуларности на повеќе избирачки места во државата.

– Забележано е делење на флаери во општина Гази Баба, Кисела Вода и Штип. Во општина Чешиново-Облешево е пријавено и повикување на лица на информативен разговор. Имало евидентирано и семејно гласање во општина Сарај, како и големо присуство на полициски сили низ неколку општини на територијата на Република Македонија, истакна Илијан Цветковски од коалицијата „Излези да гласаш“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top