| четврток, 6 декември 2018 |

Во Штип излезноста до 10 часот е 15 проценти

Во Штип своето право на глас во вториот изборен круг го искористиле 15,7 проценти од вкупниот број  избирачи. Претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева вели дека 80-те ибирачки места се отворени во седум часот, а не се забележани никакви проблеми.

Најголем процент на излезност во претптпладневните часови се бележи на гласачките места во централното градско подрачје, каде што веќе до 11 часот своето право на глас го искоритиле околу 20 проценти од гласачите кои се евидентирани во избирачкиот список.

Во Штип со право на глас се вкупно 42.083 гласачи. Во источниот дел од Македонија втор круг на локалните избори се спроведува во вкупно седум општини, каде што има 223 избирачки места, а право на глас имаат 90.727 гласачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top