| четврток, 6 декември 2018 |

Ел Шарави со фантастичен волеј и донесе нови три бода на Рома (Видео)

Фантастичниот волеј- погодок на Стефан Ел Шарави во 33. минута беше доволен за Рома да освои нови три бода во Серија А, победувајќи ја Болоња со 1-0 во вториот натпревар одигран вчера во рамките на 11. коло.

Фаворитот трето коло по ред победува со 1-0, а овој пат решавачки беше одличниот волеј на Ел Шарави за кој противничкиот голман немаше одговор.

Со оваа победа, Рома има 24 бодови, четири помалку од лидерот Наполи кој денес ќе го одигра својот натпревар, но „волчицата“ ќе има една средба помалку.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top