| четврток, 6 декември 2018 |

Антонио Тајани: Никој во Европа нема да ја признае незвисноста на Каталонија

Незвисноста на Каталонија, што вчера ја прогласија регионалните власти во Барселона, нема да ја признае никој во Европа, изјави вечерва претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани.

– Никој нема да ја признае Каталонија како независна држава. Реферндумот (за независност) беше нелегален и таму треба да се обнови владеењето на правото, порача Тајани во изјава дадена по завршувањето на собирот посветен на иднината на Европа, организиран од Комисијата на бискупската конференција на европската заедница во Ватикан.

Тој оцени дека одлуката на шпанската Влада за распуштање на каталонските регионални власти и за распишување предвремени избори во регионот претставува „вистинска работа“, бидејќи на нив жителите на Каталонија ќе можат да решат „каква влада сакаат да имаат“.

– Се треба да се прави во согласност со Уставот на Шпанија, порача Тајани.

Тој нагласи оти Европа се надева дека дијалогот може да помогне во решавањето на „тешката ситуација“ во Шпанија.

– Тоа сепак не значи дека ЕУ може да посредува, затоа што тоа е внатрешно прашање на Шпанија, порача Тајани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top