| четврток, 6 декември 2018 |

Се затруа уште 50 жители на Гостивар, се препорачува флаширана вода за пиење

Пеедесетина нови лица со симптоми на повраќање, дијареа и покачена температура, се регистрирани во изминатот деноноќие во гостиварската општа болница, со што бројката на затруени се искачи на близу 500, објави телевизија Алфа.

Првичните анализи на водата во Гостивар, покажа нормални параметри, но сепак, во скопската референтна лабораторија, испратени се нови мостри, и се прават дополнителни испитувања, бидејќи водата од градскиот водовод и натаму е единствениот сомнеж за труењето.

Конечните анализи се очекува да бидат готови за 2- 3 денови. Дотогаш, надлежните препорачуваат да се пие исклучиво флаширана вода

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top