| четврток, 6 декември 2018 |

Ѝ ги платил силиконите, а сега ја тужи!

Платил за силокони, а потоа ја тужел поради немање корист од нив, откако се разделил од неа.

Сообраќаецот Лукаш Моловик од Полска си нашол девојката од соништата, но со еден „минус“– девојката немала големи гради.

Со месеци инсистирал и ѝ покажувал слики од надарени девојки и конечно успеал да ја убеди да ги зголеми градите, а трошоците ги финансирал Лукаш.

Партишја Пајак (24) за новинарите изјавила дека Полјакот Лукаш со месеци ѝ зборувал за пластична хирургија, па дури ѝ се заканил дека ќе се врати кај поранешната девојка која имала големи гради.

„Конечно попуштив и тој плати 7.000 евра за операцијата. Ми вградија силикони, но кога се вратив дома тој беше вљубен во моите гради, а не во мене“, изјавила Пајак, која поради оваа причина го напуштила.

Наскоро во поштата пронашла писмо од неговиот адвокат, во кое се наведува дека Моловик ја тужи поради „немање корист од нив“ за кои фер си платил.

Тој бара Патришја да му плати половина од парите, но судот ќе ја донесе конечната одлука за случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top