| четврток, 6 декември 2018 |

Владејачка партија го крши изборниот молк: Делат флаери во скопски населби – полицијата не реагира

Владејачка партија го крши изборниот молк, а како свој соучесник ја има полицијата која молчи за ваквото прекршување. – се жалат граѓаните од терен.

Имено, активисти на владејачка партија уште од рано утрово се на терен и делат флаери промовирајќи ги своите кандидати за градоначалници во Кисела Вода и Гази Баба.

Кампањата за првиот круг од локалните избори, денот на гласање и следниот период беа исполнети со закани, насилство, уцени, поткуп од страна на партијата. На терен беа дури и во придружба на полицијата каде ги тероризираа граѓаните.

Денес, на изборниот молк пред утрешното гласање, власта продолжува со самоволие и злоупотреба на полицијата во партиски цели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top