| четврток, 6 декември 2018 |

Власта продолжува со поткуп, обид за купување гласови денес во Штип

Владејачка партија продолжува да врши поткуп на гласови за локалните избори.

Денес е предизборен молк, а утре се гласа во вториот круг од локалните избори.

Како што дознава Курур, владејачка партија денес дели пари во населбата Баби во Штип.

Освен што вршат поткуп за гласови, оваа владејачка партија денес продолжи и со закани и уцени, како што тоа го правеше во првиот круг од изборите.

Потсетуваме дека денес владејачката партија прекршувајќи го изборниот молк делеше флаери во скопските општини Кисела Вода и Гази Баба каде утре се гласа за градоначалник на општините. Истовремено, министерот за внатрешни работи, денес беше на терен во Пробиштип, а постои основан сомнеж дека тој на лице место вршел притисок за утрешните избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top