| четврток, 6 декември 2018 |

Акредитирани 5.101 домашни и 473 странски набљудувачи за вториот круг од изборите

За вториот круг од локалните избори Државната изборна комисија акредитираше 5.101 домашни и 473 странски набљудувачи, како и 20 странски новинари. ДИК акредитираше и дополнителен број набљудувачи и новинари кои ќе го следат вториот круг од изборите во недела.

Од домашните најголем број набљудувачи има МОСТ, кој во првиот круг на локалните избори имаше повеќе од 2.500 набљудувачи. Од странските, најголем број набљудувачи има мисијата на ОБСЕ/ОДИХР. Во ДИК се акредитирани и 315 преведувачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top