Либералната партија, на Ивон Величковски засега останува самостоен политички субјет на опозициската сцена. Претседателот на партијата во неделното интервју за Прес24, вели дека постои добра можност да соработка со останатите опозициски субјекти вклучувајќи го и СДСМ, но најмногу од се зависи како новиот лоидер на СДСМ ќе се позиционира.
-Лакмус за неговата успешност во поширока смисла на опозицијата е дали ќе проектира услови и околности СДСМ да излезе од заложништвото на „Кумановскиот декларациски синдром“, вели Величковски за Прес24, потенцирајќи дека таа декларација има одредби спротивни дури и на одредени демократски принципи.
– ЛП и јас лично издржавме ниски инсинуации на поранешни високи раководители на СДСМ и нивни медиумски поддржувачи и во текот на изборната кампања и потоа. Еве, на јавноста и е малку познато дека на една недела пред поднесувањето листи, генералниот секретар на СДСМ во заминување со СМС-порака не извести дека таа партија ги прекинува преговорите со ЛП и се обиде тоа да го алиментира со одбивањето на ЛП да ја потпише т.н. „Кумановска декларација“ која беше замислена да го „бетонира“ бојкотот на Опозицискиот фронт на изборите, вели Величковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.