| четврток, 6 декември 2018 |

Во Виница, Зрновци и Чешиново Облешево гласаат 149 болни и изнемоштени лица

Општинските изборни комисии на Виница, Зрновци и Чешиново Облешево преку избирачките одбори денеска го спроведуваат гласањето на болните и изнемоштени лица во вториот круг од локалните избори 2017.

Во општина Виница, според претседателот на ОИК Ацо Ѓоргиев, денеска гласаат 101 лице од кои 80 лица се наоѓаат на списокот од првиот круг на гласање,  додека 21 се новопријавени лица за вториот круг. Во оваа општина утре ќе се гласа на 33 избирачки места со вкупно  17.354 гласачи.

– Во општина Зрновци денеска ќе гласаат 21 болно и изнемоштено лице, од кои девет од првиот круг, а дополнително пријавени за вториот круг се 12 лица со право на глас, истакнува Светлана Димитрова, претстедател на ОИК во Зрновци. Во општината утре ќе се гласа на четири избирачки места, а со право на глас се 2.628 граѓани.

Во општина Чешиново Облешево денеска гласаат вкупно 27 болни и изнемоштени лица од кои 22 се од првиот круг додека нови има пет лица со право на глас. Во оваа општина ќе се гласа на 13 избирачки места со 5.695 грасачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top