Шпанската влада официјално ја презеде директната контрола на Каталонија и ја распушти сепаратистичката регионална влада, ова денеска е објавено на официјалната интернет-страница на шпанската влада.
Мадрид се реши на ваков чекор по одлуката на каталонскиот парламент за прогласување независност од Шпанија, откако вчера 135-члениот парламент изгласа независност на оваа шпанска провинција со 70 гласаа „за“ и 10 „против“.
Пучдемон и 12 членови на неговиот кабинет нема веќе да примаат плата од државниот буџет и можат да бидат обвинети за узурпирање узурпирање на туѓи функции ако одбијат да се повлечат.
Каталонските претставници не одговорија веднаш на ваквите мерки од Мадрид. Единствено директорот на полицијата, кој исто така е отпуштен, излезе со соопштение во кое вели дека ќе ја почитува одлуката на владата во Мадрид.
Активирањето на членот 155 од шпанскиот устав значи принудна управа на Каталонија, односно централната власт ја презема контролата над каталонската влада, полиција, финансиите, државните медиуми и комуникацијата до државните избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.