| четврток, 6 декември 2018 |

Се било лага-синот на Синан не барал да го види тешко болниот татко!

Рашид Сакиќ, син на тешко болниот Синан Сакиќ, не барал да го види својот татко. Наследникот на фолк пејачот во моментов е во затвор во Падинска скела поради убиство и нема намера да поднесе барање до управата на затворот да му се овозможи да го посети Синан, кој се лекува во Тузла.

Иако на оваа молба има право, синот на Синан е повреден што неговиот татко за сите овие години во затвор го посетил само еднаш.

-На Рашид тешко му падна кога во весниците прочита дека татко му е во лоша состојба и дека се бори за живот. Сепак бидејќи со години не разговараат, им рекол на останатите затвореници дека нема да го праша управникот да му дозволи да се прости со него. Повика неколку роднини детално да се распраша за состојбата и тоа е се-открива извор за српски Информер.

Тој додал дека Рашид се плаши од реакцијата на своето семејство, бидејќи ни со мајка му Сабина не е во добри односи.

-Мајка му исто така само еднаш го посетила во затвор. Рашид се плаши да се појави пред нив после се, се плаши што ќе му речат, дали ќе го прифатат или избркаат. Затоа не ни поднел барање да го посети Синан-рекол соговорникот.

Синан неодмана раскажа дека на покојниот Драгољуб гледал како на свое дете, па поради тоа не може на Рашид да му ја прости неговата смрт.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top