
Зоран, сите еден по еден не елиминираше од животот на Јелена. Се предизвикуваа судири, караници. Зоран имаше голема моќ над неа. Толку манипулираше со неа што таа не смееше да ни се јави во минување, ако беше со него. Ова го раскажала некогашна блиска пријателка на убиената пејачка Јелена Марјановиќ.
Како што додава, со Јелена се дружеле од детство, бидејќчи живееле во иста улица. Од почеток имале близок однос, но работите се смениле кога Зоран влегол во нејзиниот живот.
-Откако Јелена почна да живее со Зоран, се се смени. Престана да се дружи со пријателите од детството-нагласила жената, според која семејството Марјановиќ ја вклучило во посебен начин на живот кој го воделе, а кој не подразбирал стари пријатели.

На денот на венчавката на Јелена цела Борча плачела.
-Скоро никој од улицата, иако бевме во нејзините татко и мајка големи пријатели, не беше повикан. Меѓутоа бидејќи многу ја сакавме Јеца, излеговме на улица да ја поддржиме, поздравиме. И мафтавме, за да знае дека ја сакаме. Но таа кога излегуваше од куќата не смееше ниту да се сврти, ниту да не погледне. Многумина помислија дека се вобразила, но ние знаевме дека не смее поради Зоран-рекла нејзината пријателка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќе го заменам Душко со помлад: Јелена Карлеуша проговори за кризата на средни години!
-
Реши да го сруши интернетот: Карлеуша ја покажа совршената линија
-
Невиден пресврт: Дедото на Јелена Ѓоковиќ го грабнале соседи?
-
Душко годишно ќе заработува 5,8 милиони па ја честеше жената: Јелена Карлеуша купува авион од 2 милиони евра!


