Четири мажи од кои еден е полициски офицер се избодени во џамијата во североисточниот британски град Бирмингем во саботата навечер, изјави во неделата полицискиот портпарол.
„Припадниците на полицијата биле повикани во џамијата во областа Вард Енд околу 23 часот, откако дојде дојава за ранување на тројца мажи со нож”, се вели во изјавата што ја цитира Sky News.
Полицаецот бил нападнат со ладно оружје откако минатата ноќ на повик пристигнал во џамијата. „Полицајците дошле, и дека се обидувале да приведат еден маж, полицаецот бил ранет”, изјавил истиот извор.
„Тројца мажи и полицаец се хоспитализирани и нивната состојба во моментов е стабилна”, рекол портпаролот.
Против 32-годишниот осомничениот сторител веднаш е подигнато обвинение за обид за убиство.
Засега не е соопштено дали овој напад има поврзаност со серијата напади врз исламски објекти и џамиии во Велика Британија, откако во југоисточниот лондонски кварт Вулвич, кога на 22-ри мај беше масакриран британски војник
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Надзорен одбор повикува на донации за изградба на џамија во Ѓорче Петров, Општината негира (видео)
-
Новинари од „National geographic“ избодени во Габон: Напаѓачот извикал „Алах акбар“
-
Снимка која сведочи за хоророт: Во џамија убиени над 300 лица (видео)
-
Најмалку 184 загинати при нападот на џамијата во Синај, прогласена тридневна жалост