На сцената на Театар Комедија на 28. октомври сабота, со почеток од 20 часот ќе се одигра 100. изведба на претставата „Стјуардеси” од Марк Камолети. „Стјуардеси” премиерно беше изведена на 6. декември 2013 година и од тогаш претставата ја виделе над 32.000 посетители.
Пиесата-класична фарса на францускиот драматург Марк Камолети со оригинален назив „Боинг-Боинг“ е влезенa во Гинис како еден од најизведуваните драмски текстови во Франција.
Претставата „Стјуардеси” е најпродаваната театарска претстава во Република Македонија за 2014 година, актерите Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски-Тино во истата година за улогите во претставата го добија признанието најдобар млад актер, а веќе следната година претставата на истата манифестација „Златна Бумара“ го доби признанието за претстава на годината.
На јубилејната, веќе распродадена изведба на Стјуардеси публиката, ќе ги види маестралните изведби на Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски-Тино, Жаклина Петровска, Кристина Ласовска, Тања Мицков и Марија Кондовска.
Претставата Стјуардеси е во режија на Синиша Евтимов, кој како хитмејкер, по „Вардарски пастуви“, на сцената на Театар Комедија ја подготвува својата трета премиера предвидена за месец декември, со наслов „Жена ми се вика Борис“, од францускиот драматург Рафи Шарт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Култната „Викенд на мртовци“ премиерно на сцената на Ттеатар Комедија
-
По пауза од 25 години Коле Ангеловски повторно ја режира „Не сега, драга“, сега за шестиот роденден на Театар Комедија
-
Коле Ангеловски ја режира „Не сега, драга“ во Театар Комедија
-
Синиша Евтимов во Театар Комедија ја подготвува претставата „Жена ми се вика Борис“