| четврток, 6 декември 2018 |

Што крие тајниот телефон на Јелена-полицијата дојде до шокантни преписки на убиената пејачка!

Неколку преписки на убиената Јелена Марјановиќ се пронајдени во телефонот до кој дошла полицијата, а кој убиената пејачка го користела, криејќи го од останатите.

-Старата постојано ми негодува нешто, пеев утринава до 4, а сега перам и чистам како Пепелашка-ова е една од пораките која пејачката на Гранд, Јелена Марјановиќ ја испратила од телефонот кој во почетокот на септември е најден недалеку од семејната куќа на Марјановиќ во Борча.

Според извор од истрагата, Јелена тајно го користела тој телефон за да се допишува со блиска личност чиј идентитет се држи во тајност. Останатите мобилни апарати биле под будно око на нејзиниот сопруг Зоран Марјановиќ, кој контролирал со кого таа се допишува, па дури и одговарал на нејзините пораки место неа.

-Тој телефон бил полуисправен, а после нејзината смрт го користел главно нејзиниот свекор Владимир Марјановиќ.Сомнително е што Зоран не ги предал сите телефони, иако неколку пати тоа му нагласиле. Тој после сослушувањето се бранел дека дури после смртта на Јелена го пронашол мобилниот во една фиока и дека мислел дека не работи-рекол извор од истрагата.

Семејството на Марјановиќ потоа продолжило да го користи телефонот, откако им се расипал мобилниот кој го имале дома.Најчесто го користел свекорот на Јелена.

Сепак содржината на телефнот не може многу да влијае врз истрагата, бидејќи содржи пораки во кои пејачката не се жали на малтретирање.
-Да не ми е детето, одмна би заминала од овој пекол, Одам да вежбам, не можам веќе да слушам дека сум дебела, ми останува само да гладувам, Не можам никого да гледам, ќе полудам- се само дел од пораките кои Јелена ги праќала од телефнот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top