| четврток, 6 декември 2018 |

Спасени две жени после пет месеци поминати на сред море во расипан брод (Видео)

Две жени кои отишле на едрење заедно со своите кучиња биле спасени откако неколку месеци поминале на расипан брод.

Џенифер Апел и Таш Флаб биле спасени од страна на американски маринци во средата наутро.

Тие две на пролет се упатиле од Хаваите кон Тахитите во Француската Полинезија.

Сепак, бродот доживеал технички проблем и не ги однел на посакуваната дестинација, за тие да завршат загубени на сред море.

Иако во текот на првите два месеци секојдневно испраќале сигнали за помош до Американската морнарица, во соопштението за јавноста се тврди дека бродот не бил доволно блиску до брегот или до другите бродови за тие да слушнат.

Преживеале благодарение на тоа што со себе носеле резерви на храна доволни за една година.

После пет месеци и 900 милји југоисточно од Јапонија ги открило едно тајванско пловило, за потоа веднаш да бидат контактирани американските власти.

„Многу сум благодарна на сите. Ни ги спасија животите. Не можам да ви ја опишам гордоста и насмевката на моето лице кога го видов бродот на хоризонтот“, рекла едната од нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top