| четврток, 6 декември 2018 |

Кралицата Елизабета им подари луксузна куќа на Меган и Хари

Кога ќе престојуваат во Виндзор, Меган Маркл и принцот Хари нема да мора повеќе да спијат во куќата Нотингерм, бидејќи веќе имаат свој дом во непосредна близина. Имено, кралицата Елизабета II, наводно им ја подарила куќата Аделаида.

Аделаида се наоѓа во близина на дворецот Виндзор и капелата Св. Џорџ, во која Меган Маркл и принцот Хари се венчаа. Самата куќа е во паркот на дворецот, но тоа би можело да ве залаже, бидејќи овој парк е голем 2,5 километри квадратни!

Дворецот Виндзор има дури седум влезови и излези, па парот ќе може да го избегне вниманието на фотографите, кога ќе посака. До Лондон има само 40 километри, па и тоа е многу практично.

** RIGHTS: WORLDWIDE EXCEPT IN UNITED KINGDOM ** Windsor, UNITED KINGDOM – Now Adelaide Cottage, nestled in the heart of the Home Park in Windsor, is set to welcome the Duke and Duchess of Sussex. According to a source, the Queen has offered the Grade II listed property to the newlyweds as a gift. The source claimed that the couple had been for a viewing, liked it and will move in soon. **SHOT ON 04/05/2013**
Pictured: Now Adelaide Cottage
BACKGRID USA 22 JULY 2018, Image: 378951701, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Profimedia, AKM-GSI

Куќата Аделаида оригинално е изградена за кралицата Аделаида, жената на кралот Вилијам IV, во далечната 1831-ва година. Од тогаш, многу членови на кралското семејство и нивни пријатели често ја користеле.

Куќата е реновирана во 2015-та година. Главната спална соба, наводно има покрив што е покриен со позлатени делфини и камин од мермер, во грчко-египетски стил.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top