| четврток, 6 декември 2018 |

Најавуваа живот, донесоа деструкција: Ќе се уриваат Александар, Филип и портата Македонија

Министерството за култура предводено од Роберт Алаѓозовски од СДСМ најавува уривање на спомениците од проектот Скопје 2014.

Во изјава за Макфакс, претседателот на Комисијата за „Скопје 2014“ Мирослав Грчев, соопшти дека комисијата донела одлука да се отстрани споменикот на Андон Ќосето кој се наоѓа кај компплексот судови, а следни за рушење ќе бидат споменикот на „Александар Македонски“, „Филип Втори“ и портата „Македонија“.

-По завршувањето на комплетните елаборати за спомениците „Ќосето“ и „Мајка Тереза“, каде што беше утврдена нерегуларност од повеќе аспекти„ и беа приоритетни пред Комисијата за Скопје 2014“, следни на увид се „Александар“, „Филип“ и портата „Македонија“. Во овие случаи најгрубо е прекршена основната законска регулатива, односно Собранието не одлучувало за нив иако така наложува законската постапка. Со тоа е прекршен Уставот и затоа ќе мора бргу да се реагира. По завршување на елаборатите, како што наложува постапката на Комисијата, тие ќе треба да бидат отстранети, вели Грчев за Макфакс.

Ова според правниците е скандалозно, затоа што со поставување на споменик не може да биде прекршен Уставот, а доколку бил прекршен, единствена надлежна институција за оцена на уставност е Уставниот суд, а не комисија која е во склоп на Министерството за култура.

Во изјавата за Макфакс, Грчев додава дека следен за уривање по Александар, Филип и Порта Македонија ќе биде Музејот на македонската револуционерна борба.

Во своето петмесечно владеење СДСМ нема изградено ниту еден ифраструктурен проект, од друга страна преку Министерството за култура отвораат простор да го рушат проектот кој го разубави центарот на главниот град на Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top