Димитар Андоновски пред неколку дена го објави својот најнов видеозапис за песната „Само ти“, кое е уште едно парче во мозаикот од неговите хитови. И оваа песна на Димитар е дело на тандемот Лазар и Магдалена Цветковски, а пак видеото во кое покрај познатиот пејач се појавува и моделот Душица Тренова е во изработка на „Горила Филмс“.
– Песната е готова веќе неколку месеци, но моравме да почекаме да се изработи и видеото и да го презентираме пред јавноста. Инаку напоредно работиме и на албумот заедно со „Тајфата“ и искрено многу верувам во тој проект – вели Андоновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.