Младиот играч за врска на Лацио, Србионот Сергеј Милинковиќ – Савиќ, со одличните игри годинива го привлече вниманието на повеќе европски фудбалски гиганти. Последен кој пројавил сериозен интерес за овој фудбалер, според пишувањата на британските медиуми е Манчестер Сити, кој се приклучил во трката за 22-годишниот фудбалер. Савиќ веќе подолго време се споменува како е една од желбите на Мурињо, а сумата која овие тимови ќе мора да ја одвојат за неговиот ангажман е околу 80 милиони фунти.
Каде и да замине, а се чини тоа е само прашање на време, Лацио ќе оствари огромен профит од неговата продажба со оглед на фактот што за неговите услуги од белгиски Генк платија само 9 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.