Пред некоја недела, на Фејсбук беше објавено видео од 6-годишно момче по име Адам, кое имаше привилегија да ја посети пилотската кабина при еден од летовите на Etihad Airways. Уствари знаете што, лажеме. Пилотите беа тие што имаа привилегија малиов да ги посети во кабината. Зошто? Затоа што е генијалец, и затоа што знае неверојатно многу за авионите. Дури и капетанот на авионот реагираше со „Oh, wow!“. Врвот е кога го прашува „што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“, а Адам му одговара не со „пилот“, туку со „КАПЕТАН“.
Е па, истово ова видео на Фејсбук собра над 30 и кусур милиони прегледи. Очекувано, Адам набрзо доби покана од Etihad Airways.
Му облекоа униформа, му дадоа голема играчка авион, и го седнаа во Airbus A380 да го лета. На капетанското место. Се разбира, зборуваме за симулатор, ама колку од нас можат да се пофалат со тоа, а?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


