Во центарот на Ливерпул била забележана многу бизарна ситуација – мајка го влечела своето дете со јаже по тротоар.
Снимката била објавена на социјалните мрежи и веднаш го привлекла вниманието на јавноста, која ја осудила мајката монструм, пишува Liverpool Echo.
Тоа што може да се види на снимката е дека детето немало никаква реакција на тоа што неговата мајка со јаже го влече по плочник. Поради тоа, некои луѓе се скептични за автентичноста на ова видео и мислат дека станува збор за кукла.
“Шетав низ градот и видов како детето падна, а мајката продолжи да го влече, иако виде дека малиот е на земја”, изјавил Џо Кејн, кој го снимил видеото.
Минувачите биле шокирани од глетката, но на мајката никој не и кажал ни збор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


