Изборна манипулација е причината за гласовите кои ги има добиено Рамиз Мерко во Струга обвинува Зијадин Села на вчерашното гостување во Топ Тема. Тој не знае која е причината за да се направи вакво нешто, но се надева дека дека во овој случај не се работи за некое сценарио лошо за Струга и за стружани, бидејќи според него во тој случај одговорноста ќе ја сноси владата и првиот носител во владата, премиерот.
– Од сондажите кои беа правени цело време, за време на првиот циклус на избори Мерко не втор него, туку четврт кандидат за изборите во Струга. И сега како излегоа резултатите се сменија во рок од еден саат. Баравме информации што се случило, добивме одговор дека на СДСМ им паднал системот. Јас можев да ги собирам сите резултати со две момчиња во штабот, а замислете партија која е на власт им паднал системот. Паднало нешто друго, паднала манипулација на изборите за да излезе овој резултат кој што излезе вели Села.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)