| четврток, 6 декември 2018 |

Притисоци врз граѓаните се забележани во сите места каде ќе има втор круг (Видео)

СДС соочени со поразот кој ги очекува во Штип, во пресрет на претстојните избори во недела врши притисок врз вработените во штипската клиничка болница, истакна денеска Трајчо Димков од ВМРО-ДПМНЕ.

– Вработените во штипската клиничка болница се предмет на уцени и закани од страна на членови и активисти на СДС да не излегуваат на гласањето во недела, со надеж дека така ќе ја спречат победата на Илчо Захариев. Тортурата врз вработените оди дотаму што им се закануваат со отпуштање од работа доколку излезат на гласање, а дел од нив се казнети и со намалување на платата. Заплашувањето, уцените и поткупот се начин на кој СДС го спроведе првиот круг од локалните избори, истото продолжи и во текот на вториот круг. Медиумите веќе пишуваа како СДС со злоупотреба на полицијата врши притисок врз граѓаните, имено полицијата во ромското мало во Штип влегувала низ куќите на жителите и без причина ги евидентирале истите, со цел нивно заплашување, посочи Димков.

Вели дека медиумите веќе обзнанија и за случајот во Штип каде е забележано како активисти од СДСМ нудат пари на граѓани.

– Но по случајот ниту е постапено, ниту пак е евидентирана  ваквата пријава за обид за поткуп во полицискиот билтен, иако е наведена пријавата со име и со презиме. Во населбата Три Чешми во Штип, населението кажува дека секој ден доаѓаат луѓе од СДС и нудат пари, а тарифата се движи од 1.000 до 3.000 денари за глас за кандидатот за СДС. Притисоците не се вршат само врз граѓаните туку и врз општинската администрација и јавните претпријатија, кои добиваат закани при вршењето на својата тековна работа. Ваква тортура и притисок од страна на државата врз граѓаните и општината не е забележана во поновата историја на Република Македонија. СДС ги гази основните постулати на демократијата, потенцира Димков.

Вели дека вакви притисоци врз граѓаните се забележани во сите населени места каде ќе има втор круг на локалните избори.

– За разлика од првиот круг, сега граѓаните се охрабруваат и јавно зборуваат за притисокот од страна на СДС, како што е случајот со брачниот пар во Демир Капија и сведоштвото на полицаецот од Свети Николе. Граѓаните се одважуваат и му застануваат на патот на насилието од СДС. Граѓаните не се плашат на партиските кучиња на Зоран Заев. Граѓаните во недела ќе му го дадат одговорот на Заев и СДС за сите закани, притисоци и уцени, рече Димков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top