Денешната седница на каталонскиот Парлемант ќе започне од 17 часот, а по референдумот, на неа се очекува да биде изгласана Декларацијата за независност на Каталонија, јавува АФП.
Истовремено, денеска во Мадрид шпанскиот Сенат ќе ја разгледува примената на членот 155 од Уставот на Шпанија, со цел преземање на институциите, полицијата и финансиите на Каталонија во случај тој регион да не се откаже од прогласувањето на независнос. Како што јавува споменатата новинска агенција, двете страни стојат цврсто на своите ставови.
Потпретседателот на Каталонија, Ориол Жункерас, вчера изјавил дека „Шанија не оставила никакви други опции за Каталонија освен прогласување независност“. Шпанскиот министер за правда пак, Рафаел Катал истакнал дека прогласување на независност „нема да биде законски валидно“, но ќе има големи последици за покраината.
Според каталонските медиуми, претседателот на Каталонија, Карлес Пуџдемон, за денес наутро свикал итен состанок во својот кабинет со сите невладини организации кои се борат за независноста.
Тој изјавил дека кризата во земајта ќе ескалира доколку Шпанија ги реализира најавените планови.
– Планот на шпанската Влада ќе направи уште поголема и посериозна вонредна состојба при одземање на политичката автономија на Каталонија, истакнал Пуџдемон в освоето писмо до шпанскиот Сенат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.