| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган: Ако демонстрантите не заминат од Гези, полицијата ќе го испразни до утре

redzep-tajip-erdogan-1370387800-320943Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ги предупреди демонстрантите кои го окупираа централниот парк Гези во Истанбул дека треба да го напуштат пред утрешниот митинг на владејачката партија. Доколку не се повлечат, Ердоган најави дека ќе им нареди на силите за безбедност да го испразнат.

– За утре има закажано митинг во Истанбул. Јасно им кажав: плоштадот таксим треба да биоде испразнет, во спротивно силите за безбедност ќе го испразнат, порача Ердоган пред десетици илјади поддржувачи во Анкара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top