| четврток, 6 декември 2018 |

Јужњи закажа финале со Федерер

На тенискиот турнир во германскиот град Хале рускиот тенисер Михаил Јужњи во второто полуфинале го победи французинот Ришар Гаске со 2-0 ( 6-3 6-2) во сетови.

Мечот траеше само 59 минути и со тоа русинот покажа дека е во одлична форма пред третиот гренслем годинава, Вимболдон.

Во финалето ќе игра со првиот носител и петкратен освојувач на овој турнир Роже Федерер.

Ова е прво финале за Јужњи оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top