| четврток, 6 декември 2018 |

Пуштете ме од затвор да се простам од татко ми-синот на Синан Сакиќ очаен!

Рашид Сакиќ, син на Синан Сакиќ барал дозвола под полициска придружба да оди во болница во Тузла да го посети тешко болниот татко, со кој со години не разговара.

Синот на пејачот, кој отслужува казна затвор во Падинска скела, поради убиство, побарал дозовола да го посети таткото за да се прости од него.

– На Рашид тешко му падна сознанието дека состојбата на Синан е критична откако му се вградени два стента. Иако двајцата не зборуваат со години, оваа вест го заболе. Преку адвокатите упати молба да му дозволат да отпатува во Тузла со полициска придружба, како би го видел татка си барем на половина час- рекол извор близок до семејството.

Тој вели дека Рашид се обвинува себеси што татко му е со нарушено здравје.

– Се би дал да може да го врати времето и да ги исправи грешките. Сега би сакал да го види, макар во болничка постела и да му каже што го тишти. Би сакал да се смират и се надева дека полицијата ќе ја прифати неговата молба- додал изворот.

Рашид Сакиќ би требало да биде пуштен на слобода наредната година. Тој е обвинет дека во 2002 година го убил пријателот Драгољуб Деспотовиќ и се обидел да го ликвидира Радомир Лазиќ. Се товари за поседување оружје и наркотици и нанесување тешки телесни повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top