Бев љубовница на трговец со оружје. Чекав на ред за секс и уживав во кокаинот. Бев љубовница на милијардер и трговец со оружје, со него потпишав договор дека секогаш ќе му бидам на располагање, но никогаш не се сметав за проститутка. Тоа е во најкратки црти пресек на животот на поранешната манекенка Jill Dodd која за време на гостувањето во емисијата „60 минути” ги открива сите тајни на својата бурна врска со маж, кој се сметал за еден од најбогатите луѓе во светот.
Поточно, Jill во осумдесеттите години била дел од харемот на контроверзниот шеик и трговец на оружје Adnan Khashoggi за што напишала и книга. Сите тајни на раскалашениот живот во нејзината младост одлучила да ги открие во шоуто. Khashoggi тогаш веќе бил оженет, но имал право на 12 жени „за задоволство” покрај неговата законска сопруга. Jill наскоро станала дел од неговиот харем. Живеела во Саудиска Арабија во неговите луксузни живеалишта и таму чекала на ред за сексуален однос со трговецот на оружје.
Пред било каква врска Khashoggi и Dodd потпишале договор на пет години, а таа се обврзала да му биде на располагање 24 часа на ден.
-Сепак, никогаш не се сметав за проститутка, вели Jill. Често оделе на гламурозни забави со политичари и членови на кралски семејства, а честопати на тие забави уживале и во дрога.
-Повремено користевме кокаин. Тогаш со денови бевме заклучени во собата, водевме
љубов, јадевме, а нашиот личен готвач нѝ готвеше храна, опишува Jill, додавајќи дека верува дека била вљубена во него. Без оглед на тоа, таа одлучила да го остави седум години подоцна и целосно да го сврти својот живот во друга насока.
Сега е мајка на 32-годишен син и две ќерки, на возраст од 22 и 17 години, и живее во Марин Каунти, Калифорнија, со својот трет сопруг Џеф со кој е во брак 18 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)