Американскиот претседател Доналд Трамп доживеа непријатно изненадување на Капитол хил, кога еден од активистите на групата која бара отповикување на претседателот фрли врз него руски знаменца, извикувајќи „предавство“.
Руските знаменца, на кои пишуваше „Трамп“, ги фрли Рајан Клејтон, член на организацијата „Америка презема акција“.
– Трамп е предавник. Зошто разговараш за намалување на данокот кога би требало да зборуваш за предавство извика Клејтон.
Портпаролката на полицијата на Капитол хил, Ева Малецки изјави дека Клејтон (36) од Вирџинија е приведен и против него ќе биде покрената пријава поради незаконско однесување.
Полицијата истражува како Клејтон успеал да стигне до локацијата бидејќи е потребна акредитација.
Клејтон во јули беше меѓу група новинари во Сенатот, а тогаш фрли руски знаменца врз зетот на Трамп, Џеред Кушнер.
Трамп во Капитол хил беше на состанок со републиканските сенатори, обидувајќи се да ги придобие за најавената даночна реформа, која предвидува значителни даночни олеснувања за големите компании, на што се спротиставуваат демократите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)