| четврток, 6 декември 2018 |

Несторовски му донесе нова победа на Палермо (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски е најзаслужниот за гостинската победа на палермо кај Карпи 3:1. Несторовски постигна два гола и асистираше кај третиот гол за тимот од Сицилија.

Напаѓачот на македонската репрезентација ти постигна првите два гола за Палермо во 10 и 36 минута, а откако Карпи намали на 1:2 во 82 минута преку Сабионе, во наредниот напад Несторовски му асистираше на Ембало кој го постави конечниот резултат 1:3.
Илија Несторовски досега има постигнато пет гола за Палермо кој на табелата во Серија Б се наоѓа на третото место со 18 бодови, два помалку од лидерот Емполи и бод помалку од Фрозиноне.

Вториот Македонец во редовите на Палермо, Александар Трајковски, не доби шанса да настапи на овој натпревар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top