| четврток, 6 декември 2018 |

Се трага по 67-годишниот Јордан Панев – Арето од Штип

Шеесет и седумгодишниот штипјанец Јордан Панев, во градот познат како Арето, од вчера се води како исчезнат и семејството и полицијата трагаат по него.

Панев, кој е со нарушено здравје, од дома излегол синоќа по 23.00 часот и оттогаш му се губи секаква трага. Облечен е во долен дел сиви тренерки, жолта маица со натпис „Илчо Захариев“ и летни папучи.

Откако семесјтвото ги пребарало сите локации каде Панев би можел да замине, него за исчезнат го пријавиле во полицијата, а помош бараат и од граѓаните.

Сите оние кои Јордан Панев Арето ќе го забележат да пријават на домашниот телефон 609 – 127 , на мобилен 071/359 – 702 или во полициската станица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top