Францускиот институт во Скопје и одделот Кампус Франс организираат Саем за студии во Франција, којшто ќе се одржи в четврток, 26 октомври 2017 год., од 11 до 16 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје.
Oфицијалното отворање е во 12 часот со пригодни говори на: Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција, и г-дин Пјер Дениз, Ректор на Универзитетот во Каен.
На овој значаен настан се поканети претставници од француски универзитети, коишто на лице место ќе им дадат конкретни информации на заинтересираните посетители за студиите во Франција, студентскиот живот, процедурите за упис и можностите за стипендија.
Во приложените документи се наоѓа подетална информација за доделените стипендии од француската влада за македонските студенти и официјален плакат за настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.